Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја) – соопшти Центарот за управување со кризи.
Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Северна Македонија.
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа и да не се користи оган на отворен простор.
Доколку се забележи пожар, веднаш да се пријави на 112.




