
Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.
Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција.
Се очекуваат повеќе детали.




