Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информира дека авион од марка Piper, со регистрација N5005W, кој денеска се урна во Мавровско Езеро, превезувал две лица – двајца државјани на Косово.

Според Али, информацијата била веднаш проследена до СВР Тетово, Итната медицинска помош и регионалниот центар на ЦУК за брза интервенција.




