дома Локално Регистриран земјотрес во Пехчево и Берово

Регистриран земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, е регистриран ноќеска во 00:22 минути од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

ПредходнаМицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари, остануваме држава со најниски цени
СледнаБлагодатниот оган се спушти во црквата на Светиот гроб во Ерусалим (ВИДЕО)