Поддршката за повторно приклучување кон ЕУ, наместо едноставно приклучување кон единствениот пазар, расте меѓу британските гласачи, покажува анкета за ставовите на гласачите 10 години по референдумот за Брегзит, објавува „Гардијан“.
Над 80% од поддржувачите на Лабуристичката партија, Либералните демократи и Зелената партија се за оваа опција.
61% од сите гласачи го поддржуваат сегашниот пристап на владата за рестартирање на односите со ЕУ, но само 19% го прават тоа „гласно“.
Целосното повторно влегување во ЕУ е поддржано од 53% од сите гласачи , со највисока поддршка кај гласачите на она што се смета за полевичарски партии. Владејачката Лабуристичка партија има поддршка од 83%, 84% кај гласачите на Либералните демократи и 82% за Зелените.
Според аналитичарите, иако владата се стреми да ги затоплува односите со Брисел, таа сè уште го гледа враќањето на земјата во царинската унија и единствениот пазар како „црвена линија“, а тоа би можело да вознемири многу гласачи на Лабуристите и да доведе до поделба во партијата како во минатото.
Експертот за анкети, професор Џон Кертис, ја критикуваше „стратегијата на молчење“ на лабуристите за Брегзит. Тој истакна дека лабуристите изгубиле околу еден од десет гласачи во корист на „Реформ УК“, но губат еден од четири во корист на либералните демократи и Зелените, кои се многу погласни во својата поддршка за поништување на Брегзит.




