Вооружените сили на САД поседуваат оружје распоредено во Вселената, соопштија американските Вселенски сили, со што Вашингтон првпат призна дека има оружје во орбитата околу Земјата.
Во соопштението се наведени малку детали за природата на оворује, туку само се наведува дека станува збор за „системи за контрола во Вселената“ со кои Вселенските сили на САД можат да пружат заштита од „непријателски дејствија на противниците“.
Извор за американскиот весник „Вашингтон пост“ изјави дека веројатно станува збор за оружје со кое армијата на САД може да ги онеспособи сателитите на други земји, доколку тие се користат против американски сателити или воени трупи.
Вашингтон го оправдува вооружувањето во земјината орбита со тврдењето дека и Кина и Русија распоредуваат системи, како ласери и уреди за попречување на сигнали, за да ги дејствуваат против своите ривали во Вселената.
Нова трка во вооружувањето
Трката во вселенското вооружување е речиси исто толку стара колку и самата трка за патување во Вселената. Таа започна откако тогашниот Советски Сојуз во 1957 година го лансираше „Спутник 1“, кој стана првиот сателит во орбитата околу Земјата.
Оттогаш, Москва и Вашингтон бараат начини да ги опремат своите сателити и со офанзивни способности.
За администрацијата на Трамп, инвестициите во вселенското вооружување се клучен дел од планираниот систем „Златна купола“, кој е замислен како одбранбен комплекс наменет за заштита на САД од ракети и други воздушни закани.

