Во Општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“ посветен на промоција на спортот, рекреацијата и здравите животни навики.
Стартот и финишот на трките ќе бидат пред Домот на културата „Илинден“, а учесниците ќе трчаат по означена патека низ населените места Илинден, Марино и Кадино.
Трката почнува во 08:00 часот со трката на 5 километри, во 09:00 часот е стартот за 10 километри и штафетата 2×5 километри, додека во 10:00 часот се предвидени детските трки на 100, 200, 400 и 600 метри.
Поради одржување на трката ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим.

