„Водовод и канализација“ информира дека денес без вода ќе останат делови од Центар. Поради дефект на приклучна цевка без вода од 9 часот ќе останат дел од булеварот „Гоце Делчев“, дел од Македонска телевизија, и населбата Крњево.
Уличен дефект, пак, ќе ги остави без вода корисниците на потегот од Градскиот парк до Владата и од булеварот „Илинденска“ до Стадион. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот.

