Делови од општините Илинден и Аеродром денеска во одреден временски период ќе останат без струја.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 09 до 14 часот без струја ќе останат корисниците на дел од ул.11 и ул.1 во општина Илинден, а во истиот период без струја ќе бидат и улиците „Милан Зечар“, „Вангел Тогоровски“, „Пандил Шишков“ и „Руди Чајковец“ во општина Аеродром.

