За оваа нова седмица се најавува променливо време со слаб до умерене северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.
Денес ќе биде променливо со сончеви периоди и со северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

