ЕВН Македонија информира дека денес без струја ќе бидат делови од општините Петровец и Гази Баба.
Исклучувањата се планирани од страна на ЕВН Македонија, поточно во Катланово струја ќе нема во временскиот период од 8 до 15 часот поради замена на три столба кај селото Стари лозја.
Од 08.30-14.30 часот, пак, поради работа во ТС Маџари 15 без струја ќе останат дел од ул.Благоја Стефановски, Разлошка, Валандовска и Никола Киров-Мајски.

