„Да зборуваме за хроничната бубрежна болест, донирањето органи и трансплантацијата” порачуваат од здружението „Нефрон“ кое денеска во Центарот за култура во Тетово организира едукативна трибина.
Нашата цел е да развиеме граѓански дијалог, да го споделиме искуството, предизвиците и знаења со населението и да ја зајакнеме јавната свест за донирањето органи и трансплантацијата, велат организаторите.

