Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска закажа брифинг со предметната обвинителка во врска со одлуката поврзана со предметот за јавни набавки за градење на 19 модуларни болници во државава.
Брифингот ќе се одржи денес 20 август 2026 година, со почеток во 12:30 часот, во зградата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на ул. „Григор Прличев“ бр. 1.
Потсетуваме дека случајот модуларни болници е во времето на Ковид Пандемијата, кога поради недовлни болнички капацитети, се градеа модуларни-хангар болници . Во тоа време министер за здравство во Владата на премиерот Зоран Заев беше, актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче, а во изработката и градбата , преку свои фирми директно беше вклучен тогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

