Британската Влада размислува за измена на законодавството што се однесува на старосната граница за сексуална согласност, јави Би-Би-Си.
Според сегашните британски закони, на возрасни лица од која било возраст им е дозволено да имаат сексуални односи со 16- и 17-годишници, под услов тоа да биде во согласност на двете страни.
Дебатата околу ова прашање се разгори по осудата на комичарот Расел Бренд за силување и сексуален напад, како и по новите обвинувања против комичарот Дејвид Валијамс.
Минатата недела, Бренд беше осуден на затворска казна од 10 години и 6 месеци за силување на една жена, како и за сексуален напад врз уште четири други.
Иницијатор на измените е 37-годипната Миа Латер, која во јавноста излезе со тврдење дека имала секусуален однос со Бренд, кога тој имал 30, а таа 16 години.
„Не сакам сексот меѓу тинејџери да биде казнив. Кога имате меѓу 16 и 18 години, се чини разумно да стапувате во односи со врсници. Но, ако некој на возраст од 30, 40 или 50 години се обиде да стапи во однос со некој помлад од 18 години, тоа би требало да биде казниво“, изјави Латер за весникот „Сандеј тајмс“.
Според британскиот министер за труд и пензии, Пет Мекфаден, оваа дискусија сега е дел од политичката агенда.
„Не можам да кажам до каков заклучок ќе доведе тоа, но настаните од изминатата недела јасно ја ставија оваа тема на дневен ред“, изјави тој за Би-Би-Си.
Минатата недела, на удар на критики се најде и Дејвид Валијамс. Овој комичар, познат како долгогодишен член на жирито на шоуто „Британија има тален“, е обвинет од неколку жени за недолично сексуално однесување. Една од нив тврди дека имала 15 години во времето кога се случиле инцидентите. Валијамс ги негира обвинувањата.

