По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, државјанинот на Македонија, А.А.(19) е задржан во притвор во траење до 48 часа, под сомнение дека на 8 јули 2025 година во Белград се обиде да му го одземе животот на Н.А
Како што дознава „Танјуг“, оштетениот Н.А. е Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачите на „Партизан“, кој бил застрелан со неколку куршуми.
Осомничениот се товари за кривично дело обид за убиство, како и за кривично дело неовластено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.
Според обвинителството, нападот се случил на 8 јули 2025 година, на улицата „Народних хероја“ во Нов Белград. Осомничениот наводно испукал повеќе куршуми од пиштол кон Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во својот автомобил.
Како што дозна тогаш српската новинска агенција „Танјуг“, цел на нападот бил токму Алибег, кој и претходно бил цел на вооружени напади.
Според информациите што српската полиција ги соопштила непосредно по пукањето, Алајбеговиќ не бил повреден во нападот. Напаѓачот тогаш побегнал од местото на настанот, а полицијата започнала потрага по него.
Алајбеговиќ и претходно преживеал обиди за убиство, а во еден од нападите во 2020 година бил ранет со два куршума.

