Овде е тивко и мирно, воздухот е добар, има многу градини во кои пејат славеи, додека шпиони демнат во грмушките, му напишач Максим Горки на својот пријател Антон Чехов од Нижни Новгорд, Русија во почетокот на 20-тиот век.
Повеќе од 120 години подоцна и на оддалеченост од 2.000 километри, состојбата во Белград сосема соодветно би можела да се опише токму со оваа култна реченица на великанот на светската книжевност.
Една третина од персоналот во руската Амбасада во Белград е поврзан со руските безбедносни служби, тврди информативниот портал „Агенства“.
Тие спроведоа анализа врз основа на „Рупеп“ – јавна база на податоци за функционери поврзани со режимите во Русија, Белорусија, Киргистан, Казахстан, Молдавија и Грузија.
Големиот број разузнавачки службеници укажуваат на важноста на станицата во Белград.
Таа служи како клучна поддршка за операциите на Балканот особено по масовното протерување на разузнавачките службеници од земјите на Европската унија вп 2022 година, изјавил за Би-Би-Си на српски јазик член на тимот на „Рупеп“кој инсистирал на анонимност.
Руската амбасада во Белград не одговори на барањето на Би-Би-Си за коментар, а тоа не го стори ниту Министерството за надворешни работи на Србија чија служба за дипломатски протокол ги акредитира вработените во странски мисии.
Би-Би-Си исто така испратила и прашања до Агенцијата за безбедност и информации (БИА) чија задача е да ги открива, следи и неутрализира активностите на странските разузнавачки служби, како и до Воената безбедносна агенција (ВБА) која е надлежна за воениот персонал во амбасадите.
Ако новинарите успеат да ги откријат нивните идентитети, нема сомнеж дека српската влада кој се наоѓа во земјата и кој работел во Руската амбасада, вели Семјуел Џонс, експерт за тероризам за Евроазија од фондацијата „Џејмстаун“ во Вашингтон.
ШТО КАЖУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?
Заедно со Белорусија и Босна и Херцеговина, Србија е единствената земја што не воведе санкции против Русија на почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година поради што властите во Белград честопати се цел на критики од САД и од ЕУ.
Владата во Белград, чија прокламирана цел е членство во ЕУ, исто така ги одржуваше авионските врски со Москва, Санкт Петербург и неколку други руски градови што ја прави еден вид порта на Русија кон Западот.
Според податоците на Министерството за надворешни работи на Србија, коишто Рупеп ги користел, во Руската амбасада и трговското претставништво се ангажирани 78 лица. Се тврди дека 29 од нив се поврзани со разузнавачките служби.
Посебно се фокусиравме на анализа на пријавените адреси на овие дипломати од кои некои водат до седиштето на воената разузнавачка служба ГРУ или до станбени комплекси наменети за вработени во некоја од разузнавачките служби. Во одредени случаи може директно да се следат исплатите на плати од ФСБ, СВР или ГРУ кон одредени вработени во амбасадата објаснува член на тимот на Рипеп.
За првиот секретар на Амбасадата на Русија, порталот на Агенцијата тврди дека тој е пријавен на адреса во Москва каде што се наоѓаат службените станови на ГРУ.
Како пример се наведува и сопругата на еден од секретрите во Амбасадата која примала плата од воена единица 44408 во Хабаровск која е дел од ГРУ.
Александар Вучиќ, доскорешниот претседател на Србија, во изминатите години во повеќе наврати зборуваше за активностите на странските, вклучително и на руските разузнвачки служби во Србија.
Тој обелоденуваше наводни шпионски афери, но и ја истакнуваше успешната соработка и им се заблагодаруваше на руските служби.
Врските меѓу безбедносните служби ГРУ, СВР и БИА постојат подолго време а околностите се променети од 2022 година, вели Семјуел Џонс.
Еден од примерите за оваа соработка е поканата упатена до Федералната служба за безбедност да спроведе истрага за тврдењата дека е употребен звучен топ за време на антивладиниот протест на 15 март во Белград.
Во земјите од ЕУ постојат ограничувања за бројот на луѓе кои можат да работат со руските амбасади, а во Србија такво нешто не постои.
Србија стана центар на руската саботажа или хибридна кампања против Европа, тврди Џонс.

