Разбиена е меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога. Пет лица се приведени и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Царината соопшти дека запленети се 79 килограми марихуана на граничниот премин Дојран кои биле наманети за турскиот пазар. Приведен е возачот на камионот кој е босански државјанин.
Во предистражната постапка е утврдено дека камионот со кој управувал возачот од БиХ влегол во Македонија натоварен со железни профили кои требало да ги транспортира до Грција. По претходен договор со лица од Македонија, на однапред договорена локација извршен е претовар на марихуаната во камионот, по што истиот е пломбиран со пломба која возачот ја имал во себе. Истиот потоа го продолжил патот кон Грција преку граничниот премин Дојран, каде е пресретнат од мобилните единици, информира Царината.

