Нов голем пожар избувна во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча каде огнот дојде во близина на куќите, но нема изгорени куќи освен една помошна просторија. Една постара жена била извлечена на сила бидејќи не сакала да излезе од својата викендица.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека на терен се пожарникари од Струмица, а побарана е помош и од противпожарните служби од Валандово и Радовиш.

Се уште активен и сериозен е и пожарот на подрачјето на Општина Студеничани, каде огнот се движи кон планинското село Цветово и постои опасност да зафати објект во кој, најверојатно, има трло.
Според директорот на ДЗС, активен е и пожарот во атарот на тетовското село Церово во општина Желино.
Досега на територија на цела држава регистрирани се 20-тина пожари од кои 11 се активни.

