ПО прогласувањето на победата на СНСД на изборите во Босна и Херцеговина, Милорад Додик ја продолжи прославата со песна.
На снимка од изборниот штаб на СНСД, Додик ја пее „Никој ништо не ни може“ со толпата, песна што се слуша на неговите политички митинзи со години.
Во друга снимка објавена на X, тој ја отпеа песната на Лепа Брена „Četiri godine“, со стихот: „Четири години, години виножито, години болка, години тага“.
Додик претходно ја прогласи победата на СНСД на сите нивоа на власт во Република Српска. Тој им се заблагодари на Доналд Трамп, Владимир Путин и Александар Вучиќ, а го коментираше резултатот од изборите велејќи дека „ги измамија сите“.
Според прелиминарните резултати, СНСД води во клучните трки во Република Српска – Жељка Цвијановиќ за српскиот член на Претседателството на БиХ, Саво Миниќ за претседател на Република Српска, а партијата води и во парламентарните трки.

