За два дена плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде местото каде ќе се реализира можеби еден од најголемите музички проекти во поновата историја на Македонија. На една сцена ќе настапат големи домашни музички имиња заедно со шпанскиот тенор Хозе Карерас и Македонската филхармонија.
Музичкиот проект е дел од прославата за 35 години независност што ја организира Владата. Ќе настапат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски, заедно со легендарниот Хозе Карерас.
Освен овој настан, на 8 септември, на Денот на независноста на арената Тодор Проевски ќе настапи познатиот Дејвид Гета.


