Од денес во Отешево почнува 5. издание на Зрно фестивалот за алтернативна фотографија кој годинава на едно место ќе собере фотографи од Македонија и од држави од Европа.
„Зрно“ е фестивал посветен на алтернативните фотографски процеси, но и на експериментот, природата и слободниот пристап кон фотографијата.
Во текот на работилниците околу триесетина учесници од Германија, Австрија, Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Турција, Украина, Србија и Македонија ќе работат со различни аналогни и алтернативни техники, ќе разменуваат искуства и учат едни од други, во амбиентот кој полека исчезнува- Преспа.
На 11 септември, во Центарот за култура во Ресен, ќе бидат отворени изложби на Андраш Согор од Будимпешта и Тома Димовски од Скопје, проследени со филмска проекција, а следниот ден програмата продолжува на плажата во Отешево, каде Мартина Пенева ќе одржи DJ сет „Зајдисонце и нова месечина“.
Програмата на петтото издание на Зрно фестивалот е делумно поддржана од Министерството за култура.

