Третото издание на „Студентскиот џез, поп и рок фестивал“, почнува денеска во организација на Факултетот за музичка уметност – Скопје, кој се реализира во рамките на ИКСССА-проектите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат две фестивалски вечери, како и две работилници со Арменд Џафери од Косово.
Фестивалските вечери се закажани за денеска и утре, 17 ноември, со почеток во 20 часот, додека работилниците со Арменд Џафери ќе се одржат во двата дена од 12 часот.
Настаните ќе се реализираат во Loom Art & Culture.
Влезот за посетителите е слободен.

