Со одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци во која со автобус на „Дурмо турс“ загинаа 16 лица, обвинетите излегуваат од затвор.
Кривичниот суд во Скопје соопшти дека го добил известувањето од Врховниот суд и дека осудениот Јане Боварски кој беше еден од тројцата вработени во станицата за технички преглед излегува од притвор.
До нашиот суд е стигнато известување во однос на осудениот Ј.Б. во предметот познат како Ласкарци, дека согласно пресудата на Врховниот суд на РСМ се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување нова одлука, информира Кривичниот суд.
Ова е единствениот осуден чија санкција му се извршува со упатен акт на Кривичниот суд Скопје, сите останати се по одлука на Судот во Гостивар.
Боваровски беше осуден на пет години затвор, возачот Маноил Трифуновски на 14 години затвор, а сопственикот на Дурмо турс, Дурмиш Белули на 10 години затвор.








