Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што најави претходно, вечерва поднесе оставка на функцијата, со што на претстојните парламентрани избори закажни за 25 октомври, одицијално че се бори за должноста српски премиер како ностител на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ на коалицијата на неговата Српска напредна партија (СНС).
„Дојде времето за одлука. Денес е денот, драги граѓани, кога ќе поднесам оставка“, рече Вучиќ вечерва на почетокот на прес-конференцијата во српското Претседателство, по што говореше за, како што истакна, за „економските и надворешно-политички успеси“ за време на неговите ддва мандати како шеф на државата.
Тој нагласи дека за него демократијата како форма на политички систем е многу важна.
„Оние кои отсекогаш зборуваа за тиранијата во општеството беа оние кои бегаа од дијалогот. Оние кои најсилно се залагаа за единство и отсекогаш зборувале за единство, никогаш не сакале да чујат некого кој мисли поинаку. И им понудив дијалог пред четири и пет години, пред три и пред две години и пред една година“, рече Вучиќ.

Вториот претседателски мандат на Вучиќ требаше да истече во 2027 година, но тој го скрати за да може, како што рече, да учествува како обичен граѓанин во кампањата за предвремените парламентарни избори.
Сега по оставката на Вучиќ, вршител на должноста претседател на Србија станува претседателката на српското Народно собрание, Ана Брнабиќ. Согласно Уставот, таа сега треба да распише претседателски избори, кои ќе се одржат најдоцна за 90 дена.
Ова значи дека до крајот на оваа година Србија ќе го добие својот четврти претседател по стекнувањето независност во 2006 година по Борис Тадиќ, Томислав Николиќ и Вучиќ.
Српскиот Устав предвидува дека никој не може да се кандидира за претседател повеќе од двапати, со што Вучиќ, кој на функцијата првпат беше избран во 2017, а потоа реизбран во 2022 година, нема право да се бори за нов мандат.
Перформанс пред зградата на Претседателството
По објавувањето на оставката, Вучиќ излезе пред зградата на српското Претседателство и се упати кон блискиот парк во центарот на Белград, каде беа собрани поголем број негови приврзаници. Настанот, кој беше емитуван во живо на српскиот јавен радиодифузен сервис РТС, мина со факели, извиците „Ацо, Србину“ и транспарентите за поддршка, како „Вучиќ, политички гениј“, со што целата атмосферата на моменти наликуваше како на фудбалски стадион.

„Ви служев верно, чесно и праведно во текот на овие два претседателски мандати“, им рече Вучиќ на насобраните приврзаници, качен на импровизиран подиум.
Тој додаде дека е горд што партијата СНС, чиј член е „не поттикнувала насилство“, бидејќи била различна од оние што ги палеле нејзините простории и „вадиле оружје врз луѓето“.

Опозициските партии и невладините организации постојано ја обвинуваат владата за поттикнување насилство, а полицијата за бруталност за време на студентските протести што ја потресоа Србија во изминатите година и пол. Дополнително, некои поддржувачи и членови на СНС беа обвинети за физички напади врз политичките противници, а имаше и неколку случаи на газење на демонстранти.
„Да ги победиме поубедливо од кога било досега, за да победи Србија“, рече Вучиќ на крајот од своето обраќање.

