Лицата кои беа уапсени денеска британската полиција во близина на воздухопловната база „РАФ Ферфорд“, што ја користат американските сили, под сомнеж за планирање напад, кои имале намера да предизвикаат „голема штета“, изјави вечерва претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Апсењето во Британија беше фантастично“, изјави Трамп на новинарите, пофалувајќи ја, како што изјави, „неверојатната работа“ што ја завршија британските власти.
Според Трамп, осомничените биле под надзор на британските и американските власти „подолго време“.
Британската полиција денеска уапси петмина мажи во близина на воздухопловна база „РАФ Ферфорд“, што се наоѓа во место Велфорд во западна Англија, под сомнеж за „прекршување на законите поврзани со експлозиви“ и за тероризам.

Британските истражители за борба против тероризмот соопштија дека добиле дојава за три сомнителни возила што во раните утрински часови се упатиле кон базата што ја користи американското Воено воздухопловтсво.
„Во рана фаза сме од истрагата и петмина мажи се уште се во притвор“, изјави британската национална координаторка за борба против тероризмот Вики Еванс, додавајќи дека полицијата тесно соработува со партнерите за да ги утврди околностите на инцидентот.
Полицијата востави безбедносен коридор од 400 метри околу базата, додека членовите на одредот за деактивирање бомби ги пребаруваа трите комбињата со кои патувале уапсените. Дополнително, жителите на 85 куќи во Велфорд беа евакуирани, а вооружени полицајци патролираа низ областа.
Полицијата не соопшти кој би можел да стои зад инцидентот. Извор запознат со истрагата рече дека како најверојатен мотив се разгледуваат „врски со Иран“, но се истражува и можноста за „руска саботажа или исламистички заговор“.
Британскиот премиер Енди Бернам во објава на социјалните мрежи им се заблагодари на полицијата и вооружените сили за спроведената акција, нагласувајќи дека е свесен оти инцидентот во близина на базата ќе предизвика голема загриженост кај локалното население и луѓето што ги следат случувањата низ целата земја.

Британската Влада одобри употреба на американските бомбардери стационирани во „РАФ Ферфорд“ за напади врз ирански ракетни лансирни рампи од кои беа гаѓани бродови во Ормуцкиот Теснец.
Властите во Техеран тогаш посочија дека поради ова базата „РАФ Ферфорд“ претставува легитимна цел за напади, по што Велика Британија соопшти дека нејзините вооружени сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад.
„РАФ Ферфорд“ ја користи 501-от Винг за борбена поддршка на Военото воздухопловство на САД, а таму може да слетуваат и полетуваат тешки бомбардери, како што се „Б-1Б Лансер“, „Б-2А Спирит“ и „Б-52Х Стратофортрес“.

