Глувци на паркингот кај трговскиот центар Буњаковец, алармира граѓанската иницијатива „Во одбрана на Буњаковец“ која сподели и фотографии. Според иницијативата, фотографиите се направени вчера.
Живи и мртви. Граѓаните се жалат на присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг меѓу Т.Ц. Буњаковец и основното училиште „Ј. Х. Песталоци“. Фотографиите се од 17.09.2026, стои во објавата.
Бараат реакција од Инспекторатот на општина Центар и од градоначалникот.

