Одредени населби во општините Бутел, Сарај, Кисела Вода, Илинден и Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија.
Струја од 07:50 до 09.50 часот ќе нема улицата „Костурска“ во Бутел, а од 08:30 до 14 часот дел од главната улица кај маркетот „Ер Грос“ и „Јони Хоме“ во Сарај.
Поради зафат во електродистрибутивната мрежа без напојување ќе бидат и улиците Емил Зола и Мишко Михајловски во Кисела Вода од 09 до 14.30 часот, а поради замена на електричен столб без струја ќе останат и улиците 10 и 21 во село Кадино од 09 до 13 во Илинден.
Без струја од 10 до 15:30 часот ќе бидат и дел од корисниците на бул.12-та Македонска бригада бр.61,63,65 во Аеродром)

