„Зелен хуман град“ реагира на молкот од институциите за белата пена што се појави во реката Лепенец на 24 јули. Велат скопскиот градоначалник и Инспекторатот за животна средина противзаконски молчат за потеклото на белата пена.
- а) Неспособност на партиските кадри „вдомени“ во државни институции да го откријат потеклото на белата пенлива материја?
- б) Неволност да се открие изворот на белата пенлива материја со цел да не се загрози корпорацијата која го предизвикала?
- в) Очекување дека, согласно народната поговорка „секое чудо за 3 дена“ јавноста ќе заборави и нема потреба да си ја вршите должноста за која сте платени со народни пари?
- г) Купување време за да спремите кредибилна приказна налик минатата пена што се испостави дека е од авто-сервис?
На 13 август ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД испрати барања за информации од јавен карактер поврзани со мистериозната бела пена која се појави во реката Лепенец на 24 јули до администрацијата на Град Скопје и до Државниот инспекторат за животна средина. Иако законскиот рок е 21 работни дена, досега единствениот одговор кој сме го добиле е ПРОТИВЗАКОНСКИ МОЛК, велат од „Зелен хуман град“.
Јавно прашуваме дали овој противзаконски молк се должи на:
а) Неспособност на партиските кадри „вдомени“ во државни институции да го откријат потеклото на белата пенлива материја?
б) Неволност да се открие изворот на белата пенлива материја со цел да не се загрози корпорацијата која го предизвикала?
в) Очекување дека, согласно народната поговорка „секое чудо за 3 дена“ јавноста ќе заборави и нема потреба да си ја вршите должноста за која сте платени со народни пари?
г) Купување време за да спремите кредибилна приказна налик минатата пена што се испостави дека е од авто-сервис?
Од „Зелен хуман град“ велат дека нема да престанат со институционалниот притисок по молкот на Град Скопје и ДИЖС и ќе достават жалби до Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер.

