Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека немаат ингеренции да постапат во случајот со докторот Дарко Василевски кој најави дека ќе штракува со глад поради нетранспарентост во јавниот оглас за вработување и одбивање по трет пат да биде вработен на Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија при Медицинскиот факултет во Скопје.
Јаневска вели дека е запознаена со случајот и дека МОН нема ингеренции бидејќи се работи за вработување, но дека сепак Државниот просветен инспекторат ќе постапи.
Веќе сум запознаена. Ако се точни информациите што сум ги добила, станува збор за вработување, а не за избор во звање. Јас јавно побарав да се достави претставка до ДПИ, но и доколку станува збор за избор во звање, ДПИ ќе постапува. Во однос на вработувањето на Медициснкиот факултет на специјалисти, МОН нема ингеренции, изјави денеска Јаневска.
Во случајот, вели Јаневска, треба да постапи Државниот тудов инспекторат.

