Најмалку две лица загинаа, а 37 други се ранети денеска при „жестоки“ руски напади врз украинскиот главен град Киев, соопшти киевскиот градоначалник Виталиј Кличко.

При нападите избувнал пожар на историски пазар во близина на централната железничка станица во Киев.
Дополнително, при нападите е оштетен и дел од железничката мрежа во реонот на градот. Раководителот на претпријатието задолжено за раководење со украинската железничка инфраструктура, соопшти дека при овие напади е повреден еден од нивните вработени.

Погодена е и деветкатна станбена зграда во киевската населба Соломијански, а оштетување се нанасни и на деловна зграда, бензинска пумпа и центри за податоци.
Нападите се случија само неколку часа пред обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.


