Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска на патот Илинден – Миладиновци кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје. Починат е возачот на едното возило и неговиот 18-годишен син, а тешко повредена е неговата 18-годишна ќерка. Со тешки повреди се и 19-годишниот возач и сопатникот во другото возило.
Во несреќата на лице место починале возачот на возилото Хјундаи и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на корсата и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата, информира Обвинителството.

