Во паметни телефони купени преку сајтот за електронска трговија „Тему“ откриени е идентичен злонамерен софтвер, соопшти компанијата за кибер безбедност „Енвисо“.
Станува збор за сосема нови неотпакувани уреди купени преку „Тему“, кои претходно не биле користени.
Експертите за кибер безбедност утврдиле дека станува збор за злонамерен софтвер, познат како малвер, од т.н. семејство „Тријада“. Станува збор за малвер што првенствено се среќава кај евтини уреди што го користат оперативниот систем Андроид.
Малверот го „контролира“ пристапот до социјалните мрежи
Она што го прави овој малвер посебен е тоа што тој е дел од самиот оперативен систем и е длабоко вкоренет во паметниот телефон, што на творецот на овој злонамерен софтвер му овозможува да има целосна контрола врз уредот.
Станува збор за нова варијанта на „Тријада“, што најмногу се фокусира на контролирање на пристапот до профилите и налозите на социјалните мрежи на сопственикот на уредот. Така, секогаш кога сопственикот се најавува, на пример, на ВатсАп, Фејсбук или Инстаграм, неговите податоци за најавувањето се препраќаат до креаторот на малверот, со што тој добива контрола врз налозите.
Експертите посочуваат дека мотивите за ова може да бидат различни. На пример, може да станува збор за измамници кои продаваат кликови на луѓе што сакаат да им дадат дополнителен поттик на одредени реклами или објави. Ова од причина што ако се сака некоја објава на социјалните мрежи да стане попопуларна, корисно е таа да добива „лајкови“ од легитимни профили или налози на реален корисник.
„Тему“: Знаеме за случајот и го повлековме производот
По реакцијата до „Тему“ за откривањето на малверот, од компанијата одговориле дека „предметните производи веќе беше повлечен од продажба на 30 август, како дел од тековното следење“.
„Стапивме во контакт со надворешниот продавач за понатамошна истрага и, како мерка на претпазливост, ги повлековме сличните производи од понудата за да ги прегледаме“, се наведува во одговорот на „Тему“.
„Тему“ што претставува кратенка од „Team Up, Price Down“ („Здруженија се, мала цена“) е платформа за онлајн купување во сопственост на кинеската компанија за е-трговија „ПДД Холдингс“, чиј сопственик е Колин Хуанг. Платформата нуди производи за широка потрошувачка по пониски цени, кои најчесто се испорачуваат до потрошувачите директно од Кина.

