Дел од лицата кои се поканети како сведоци на надзорната расправа во Собранието за Алта банка Битола по втор пат се на службено патување, изјави денеска претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска.
Лукаревска вели дека ниту едно од лицата на списокот на поканети сведоци не го потврдиле своето присуство за утрешната расправа така што утре на седницата ќе присуствуваат само дел од претставниците од институциите.
Сите кои се дел од списокот и коишто треба да присуствуваат утре немаат потврдено присуство, а дел од нив по вторпат се на службен пат токму на одржување на надзорната расправа. Така да утрешниот состав на сведоци ќе биде дел од институциите, изјави Лукаревска.
Лукаревска потенцираше дека процесот ќе продолжи сè додека не бидат сослушани сите предложени сведоци.

