
Сподели
Да, денеска општествената градина „Бостание“ во Скопје е домаќин на овогодишното издание на микрофестивалот „Бостание“, посветено на темата„Вкоренување“.
Што значи да се биде вкоренет – во почвата, во местото каде што живееме, во заедницата,
во знаењето што го споделуваме и во односите што ги градиме? Овогодишниот
микрофестивал тргнува токму од овие прашања и ја артикулира градината како простор
каде што здруженото градинарство, културата, уметноста, храната, музиката и заедницата
се проткајуваат меѓусебно
Во текот на фестивалскиот ден посетителите ќе имаат можност да учествуваат во
градинарски работилници, детски работилници, кулинарска работилница и
работилница за сито печат, да ја проследат театрално-сценската изведба во режија и
авторство на Јане Спасиќ, да ја посетат групната ликовна изложба, како и да уживаат
во музичките настапи на дуото „Луна и Петар“, на Мартин Џорлев, на Елена Баклава,
како и џез квинтетот „Next to Silence“.

Во изложбениот дел и програмата на фестивалот учествуваат Иван Ивановски, Ивана
Мирчевска, Ана Ивановска, Максим Наумовски, Зорица Зафировска, Владимир
Лукаш и Јасмина Главинче. Нивните различни уметнички практики ќе бидат поставени
во непосреден однос со просторот на градината, отворајќи го прашањето како уметноста
може да се поврзе со местото, природата и заедничкото живеење.
Темата „Вкоренување“ не се однесува само на корените на растенијата. Таа се однесува и
на нашите корени во местото, на врските што ги создаваме и на можноста заеднички да се
грижиме за просторите што ни припаѓаат на сите.

Годинава микрофестивалот „Бостание“ е поддржан во рамките на проектот
„Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира „Хартефакт
фонд“.

