Десет лица се повредени – меѓу кои петгодишно девојче и 67-годишен маж кои се во критична состојба – откако автомобил влета во група навивачи на рагби-клубот „Њукасл Најтс“ во предградие на Њукасл, Нов Јужен Велс, соопшти денеска полицијата.
Според сведоци, возачот прекумерно го забрзал моторот и ја изгубил контролата врз возилото, по што влетале меѓу навивачите во Волсенд, пренесува „Еј-Би-Си Њуз“ (ABC News).
Инцидентот се случил додека навивачите се собирале за да го испратат тимот, кој се подготвувал за патување во Сиднеј пред големото финале на Австралиската национална рагби-лига.
Полицијата соопшти дека е во тек истрага за околностите на инцидентот и дека првичните сознанија не укажуваат на поврзаност со тероризам.
Меѓу повредените има уште две девојчиња – на возраст од пет и две години – кои се во стабилна состојба.
Десет лица повредени откако автомобил влета меѓу навивачи на австралиски рагби-тим

