Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде местото каде денес ќе се одржи 4. детска трка на Виталиа на која се пријавени над 1000 деца.
Трките почнуваат од 10:00 часот, а децата ќе трчаат по професионална атлетска патека на растојание соодветно за нивната возраст.
Детската трка е начин спортот да им стане близок на децата уште од најрана возраст -ќе ги мотивира да се движат, да стекнуваат самодоверба и да уживаат во времето поминато заедно. Затоа, тука нема прогласување победници. Секое дете што ќе стигне до целта ќе добие медал, бидејќи секој мал тркач заслужува признание за својот труд и храброст, најавуваат организаторите.

