По двата последни случаи на фрлање отпад од страна на несовесни граѓани, градоначалникот на Скопје информира за уште еден случај.
На лице место синоќа е затекнато лице од Кисела Вода како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите.
Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција! Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Ѓорѓиевски вели дека лицето е веќе санкционирано.
Скопскиот градоначалник најавува и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите.

