Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека југоисточно од Катланово има поинтензивна нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на град.
Нестабилна облачна маса со умерени врнежи од дожд и засилен ветер се движи и од југозапад кон Скопската Котлина.
Зголемена облачност има и во Охридскиот регион каде има слаби врнежи од дожд.

