Пожар избувна денеска во резервоар за гориво во сопственост на саудискиот нафтен гигант „Арамко“, лоциран во близина на на меѓународниот аеродром во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Како што јавија медиумите од регионот, локалните жители пријавија дека во близина на аеродром се видливи пламен и црн чад, на што претходеле експлозии.
По ова се огласија јеменските шиитски бунтовници Хути, кои презедоа одговорност, како што соопштија, за нападите врз аеродромот во Ријад.
Според портпарол на Хутите, биле нападнати и други „чувствителни локации“, како што се постројки на „Арамко“ во пристанишниот град Јанбу на брегот на Црвеното Море, кој клучен центар за извоз на саудиска нафта.
Хутите информираа дека за нападите биле употребени „голем број балистички ракети, крстосувачки ракети и дронови“. Според портпаролот, станува збор за одмаздничка акција „против криминалните обиди на саудискиот непријател“ да го нападне јеменскиот главен град Сана, кој е под контрола на Хутите.
Во конфликтот во Јемен, Хутите имаа поддршка од Иран, додека Саудиска Арабија ја поддржува мешунардно признатата јеменска Влада.
Хутите, кои ги контролираат северните и западните региони на Јемен, на почетокот на септември започнаа голема офанзива во јурозападниот дел на земјата, преземајчи контрола врз речиси целиот јеменски брег на Црвеното Море, вклучително и врз теснецот Баб ел-Мандеб. Теснецот е клучен за поморскиот транспорт меѓу Европа и Азија, бидејќи го поврзува Цревеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан.
Во борбите меѓу Хутите и владините сили изминативе недели загинаа стотици луѓе.

