Папата Лав Четиринаесетти, кој престојува во неколкудневна посета на Франција, денеска одржа миса на отворено во центарот на Париз што ја следеа околу 800.000 верници, кои го пополнија целиот простори од неколку километри плоштадот „Конкорд“ до авенијата „Шанзелизе“.
Мисата на плоштадот „Конкорд“, која траеше час и половина, беше централниот настан од вториот ден од посета на папата на Франција, кој во обраќањето го пофали „ентузијазмот на присутните млади луѓе“.
На мисата, меѓу останатите, беа присутни и францускиот премиер Себастиен Лекорну, како и тројца кандидати за претседателските изборите следната пролет, Едуар Филип либерално-конзервативната партија Хоризонт, Габриел Атал од либералната Ренесанса (РЕ) и Марин Ле Пен од екстремно десничарскиот Национален собир (РН).
Актуелниот француски претседателот Емануел Макрон, кој вчера официјално го пречека папата при неговото пристигнување на парсискиот аеродром и во Елисејската палата, не присуствуваше на денешната миса почитувајќи го правилото за строго раздвојување меѓу црквата и државата во Франција, но меѓу прсутните беше неговата сопруга Брижит Макрон.
Пред одржувањето на мисата, папата Лав се својот „папамобил“ мина низ „Шанзелизе“, проследен со силни овации. Од папското возило, понтифот благослови неколку бебиња и ги поздрави многубројните верници, од кои многумина чекаа со часови за да го видат барем накратко.
Папата сега продолжува кон место Лурд на падините на Пиринеите во југозападна Франција, кој е популрна локација за аџилак на католичките верници. Таму вечерва папата ќе се помоли во пештерата Масабјел, а утре ќе отслужи миса. В понеделник, папата ќе го посети Мец, родното место на идејниот творец на Европската Унија, Роберт Шуман.
Ова е прва официјална папска посета на Франција, по онаа на папата Бенедикт Шеснаесетти во 2008 година.

