Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва потврди дека САД го отфрлиле мировниот предлог што во четвртокот им го достави Иран.
На брифинг за медиумите Трамп нагласи дека Иранците сакаат да постигнат договор за повторно отворање на Ормуцкиот Теснец „затоа што губат масовно“.
„Јас сум обожавател на договорите, но тие сакаат веднаш да го видат Ормутскиот теснец отворен. Тоа е затоа што повеќе не добиваат пари“, изјави Трамп.
Иран во четвртокот предложи прогласување на седумдневен прекин на огнот за да се одржат нови разговори за трајно примирје и да се склучи договор за иранската нуклеарна програма.
Во тој период, според предлогот, Иран би го деблокирал Ормутскиот Теснец, САД би ја укинале блокадата на иранските пристаништа.
Сепак, Трамп се сомнева во искрените намери на иранскиот режим со овој предлог. Наместо, тоа како што објави „Волстрит џурнал“, Трамп размислува за нови напади врз Иран по изборите за членови на Конгресот на САД во ноември.

