Денес во Скопје се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа. Настанот го организира Советот за безбедност и здравје при работа со поддршка на Меѓународната организација на трудот.
Во фокусот ќе бидат унапредувањето на безбедноста и здравјето на работните места, грижата за менталното здравје и превенцијата на психосоцијалните ризици, како и развојот на култура на превенција и споделувањето добри практики од домашните компании.
Најавено е учество на претставници од ресорните држави институции, Делегацијата на ЕУ, МОТ, Европската агенција за безбедност и здравје при работа, како и од организациите на работодавачи, синдикатите, компаниите и стручната јавност во земјава.
Во рамки на настанот ќе бидат доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.
Безбедността и здравјето при работа (БЗР) во земјава е регулирана со Законот за безбедност и здравје при работа и се следи од страна на Државниот инспекторат за труд.

