Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро официјално ќе ја забрани употребата на терминот „вештачка интелигенција“ (ВИ). Тој го повика весникот „Волстрит џурнал“ (WSJ) да престане да го користи тој термин и наместо него да го усвои терминот што тој го предложи: „суперинтелигенција“.
„Кога ’Волстрит џурнал‘ ќе престане да го користи терминот ’вештачка интелигенција‘ (ВИ) – што е многу лош и неточен термин – и ќе почне да го користи терминот ’суперинтелигенција‘ (СИ), кој речиси сите други веќе го користат или наскоро ќе почнат да го користат?“ – праша Трамп во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social).
Тој најави дека наскоро ќе ја забрани употребата на овој термин.
„Поради неговата неточност, наскоро официјално ќе ја забраниме употребата на терминот ’вештачка интелигенција‘ (ВИ) во сите релевантни документи, како и секаде на друго место“, истакна Трамп.
Трамп најавува официјална забрана за терминот „вештачка интелигенција“

