Новиот извршен директор на „Епл“, Џон Тернус на вечерашниот настан „Изненадување и сјај“, според американските медиуми, ќе ги претстави новите верзии на АјФон, Епл Воч и ЕрПодс, меѓу кои и првиот АјФон на преколп.
Според најавите, станува збор за телефон што можете да се расклопи и да се добие уред што е нешто помеѓу класичен паметен телефон и АјПод. На него ќе може и да се пишува на старомоден начин со Епл Пенсил.
Медиумите шпекулираат со две имиња на новиот уред АјФон Ултра или АјФон Дуо, но се согласни дека станува збор за иновативен телефон. Така, се вели дека тој ќе биде дебел само 4,5 милиметри и кога е затворен „нема да биде поголем од пасош“. Дополнително линијата на преклопување е дизајнирана на тој начин за да биде практично невидлива.
Се очекува цената на овој модел да се движи меѓу 2.000 и 3.000 евра.
Инаку, интересно е што „Епл“ го лансира овој уредот дури седум години по првиот преклопен телефон на „Самсунг“ и во услови кога овие смартфони се уште не се опфатени со масовно произведство.
Покрај овој модел, за вечерва се најавени прзентации и на моделите АјФон 18 Про и АјФон 18 Про Макс, новата верзија на ЕрПодс, како и паметните часовници Епл Воч Серис 12 и ажурираниот Епл Воч Ултра.

