Вечер (21.11.2026г сабота), во салата Фросина на Младинскиот културен центар, во 20ч, во рамки на 51. Млад отворен театар, ќе се одржи претставата „Закопани чуда“ од хрватската продукција „Глумац има времена, глумица има времена | ТАХТ“, а во режија на Нина Виолиќ. Автор на текстот е Моника Херцег, а улогите ги толкуваат Леон Лучев и Јелена Граовац Лучев. Костимографија за претставата е на Андреа Бистричиќ, сценографија и видео направи Тони Сопрано Менеглејте, музиката е на Дамир Мартиновиќ Мрле и Иванка Мазуркијевиќ, фотографија: Валерио Барановиќ, а асистент на продукција е Роза Јуриќ.

„Закопани чуда“ е мултимедијална театарска претстава за љубовта, сеќавањето и илузијата, создадена според делото на Моника Херцег. Претставата ги воведува гледачите во интимните, последни моменти на една жена, во кои сеќавањата се отвораат како оголени засолништа, а сцените во кои имагинацијата и реалноста се спојуваат создаваат густ емотивен простор. Низ три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот – се влегува во просторот на еден живот исполнет со реалност и имагинација, желби и потреби. Првиот дел се одвива во Рајската градина, простор на зрелост и помирување, во кој Вечната Девојка (како старица) се соочува со минливоста. Вториот дел е сместен на Мостот, каде што се случува средбата со Вечното Момче и започнува љубовта. Третиот, централен дел се одвива во Станот на двајцата љубовници, во кој „се одигруваат сите можни варијанти на заедничкиот живот“ – нежност, страв, страст и крај.
Веднаш по „Закопани чуда“, во 22 часот, во клубот на МКЦ, „Моје позориште“ од Босна и Херцеговина, ќе ја одигра претставата „Смртен исход од атлетските повреди“, во режија на Тара Маниќ. Автор на текстот е Милица Вучковиќ, во улогите се појавуваат Џана Пињо, Ален Муратовиќ, Дариан Мехмедбашиќ и Мак Мисира. Драматургијата ја направи Бојана Видосављевиќ, композитор е Владимир Пејковиќ, сценографија и костимографија се на Адиса Ватреш Селимовиќ, видеодизајн: Тарик Бичо, извршна продуцентка е Азра Џевахириќ, техничар за осветлување: Анел Брутус, тонска техничарка: Едина Хајдаревиќ, а реквизитерка Елма Милак. „Смртен исход од атлетските повреди“, драматизација на истоимениот роман на српската писателка Милица Вучковиќ, е еден вид аутопсија на една љубовна врска, раскажана „од прва рака“. Ева, неодамна разведена мајка на едно момче по име Марио, цврсто верува во љубовта од бајките. Пред наши очи, Ева се впушта во фатална љубовна врска со Виктор. Љубов исполнета со шарм, топлина, недоразбирања, несигурност, објаснувања од позиција на машка надмоќ, изолација, гаслајтинг и, конечно, насилство. Љубов која ќе нè принуди да ги преиспитаме границите на човечката издржливост.


