Електронска наплата на патарини преку портали ќе се воведува за камионите, најавува првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. Тој вечерва во емисијата „Аргумент плус“ на телевозија 24 појасни дека ваквата наплата се размислува да се воведе на регионалните и магистралните патишта.
Порталите е исто како Сејф сити. Ќе има камери коишто ќе ги читаат таговите и регистарските таблички. Првично тоа ќе го правиме на регионалните и магистралните патишта и тоа ќе го правиме исклучиво за камионите. Ннема да плаќаат на овие патишта ноту автомобилите, ниту автобусите, рече Трајановски.

Ваквата наплата ќе важи само за камионите затоа што според Трајановски, сега камионите се исклучуваат на клучката кај Кадино и Идризово и возат покрај Петровец и Катланово за потоа повторно да се вклучат на автопат.
На овој начин ја избегнуваат наплатната станица Петровец, а освен тоа ја нарушуваат безбедноста во населените места и ги оштетуваат патиштата, рече Трајановски.

