Од матичен лекар до Клиника, од Клиника до Центар за социјални работи, напред-назад е тоа е патот што треба да го поминат пациентите кои бараат исплата на туѓа нега за член. Патот е ист без разлика дали за првпат аплицираат за вакво барање или бараат да им се продолжи исплататa. Здравствените власти ветуваат промени, но засега се останува на ветувања.
Напред назад, ало имаме термин !
Голготата почнува од матичниот лекар каде пациентот мора да добие термин за Комисија, а откако ќе добие термин почнува лутањето по ходници. Во една просторија „два на два“ сместена на Клиниката за неврологија собрани се пациенти со инвалидитет, пациенти со хронични болести, пациенти со преживеан мозочен удар и други тешки болести кои неуморно чекаат да бидат викнати од Комисијата за проценка, а откога ќе завршат, треба да чекаат 10-тина работни дена за повторно да се вратат на истиот шалтер но, тоа може да го сторат исклучиво само во понеделник и петок и тоа во одреден временски период од 11 до 13 часот.
И тука се наметнува прашањето – дали за пациенти со инвалидитет или хронични болести е потребно обновување на ваквото барање.
Актуелниот министер за здравство Сашо Клековски како поранешен прв човек на Фондот за здравствено осигурување најавуваше скратување на административните процедури. Целта беше дијагностиката, рехабилитацијата и остварувањето на правата да не бараат шетање од една до друга институција. Но, во реалноста состојбите се поинакви.
И, тука не завршува се. ЌЕ ја прашаша вештачка интелегенција и ке ти гои каже процедурите, патот ама таа незнае дека „ малчице је друкчије у пракси“
ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО ИСКЛУЧЕНИ ТЕЛЕФОНИ И ОГРАНИЧЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ СО СТРАНКИ !?
Наместо дигитализација на здравствениот систем и по службена должност преземање на потребните документи од една во друга институција, пациентите сами со потребната папирологија од Клиниката за неврологија мора да заминат во меѓуопштинските центри за социјални работи за да ги предадат документите.
Работното време со странки на центрите за социјална работа е стрикно поточно ограничено во одреден временски период, а времето на чекање долго затоа што на шалтерите работат по еден или двајца вработени, а документацијата треба да се провери и да се добие архивско бројче.
И повторно се чека за да се добие одговор, а додека се добие одговор може да помине и повеќе од еден месец.
Решенијата ги испраќаат по пошта, а дали ќе стигнат е знак прашање, па пациентите повторно треба да се обратат до центрите за социјални работи за да го земат решението во хартиена форма.
Значи..
Процедурата за остварување или продолжување на правото на туѓа нега и понатаму претставува долг и сложен процес за пациентите и нивните семејства. Наместо институциите меѓусебно да ги разменуваат потребните податоци, граѓаните се принудени лично да посетуваат повеќе установи, да чекаат на шалтери и да собираат и доставуваат документација.
Особено загрижува фактот што станува збор за лица со инвалидитет, хронични и тешки заболувања, за кои ваквите административни процедури претставуваат дополнителен товар. И покрај најавите за скратување на процедурите и поголема дигитализација, реалноста покажува дека промените сè уште ги немеа. ГИ има на прес конференции, ги ма во најава , ама ги нема за пациентите.
ЈАСНО е , потребно е институциите да воспостават функционална дигитална поврзаност и размена на документи по службена должност, со што пациентите ќе бидат ослободени од непотребното „шетање“ од институција до институција и ќе можат полесно и побрзо да ги остварат своите права.
Уште појасно е дека баш и не е така. За нега зборуваме, за болни. Некај чекал чекал и…

