Околу 140 граѓански организации бараат Министерството за правда да го заврши процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, процес од кој директно зависи иднината на донирањето, филантропијата и финансиската одржливост на граѓанскиот сектор.
Ова ќе биде и една од главните теми на денешната јавна расправа што ќе се одржи во Скопје во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението „Конект“ во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА од Битола.
На јавната расправа поканети се надлежните министри, претставници на релевантните институции, граѓанските организации и деловниот сектор, а во фокусот ќе бидат причините за застојот на процесот, потребните законски измени и влијанието на новиот систем за е-фактура врз донирањето.

