Стружанец од селото Враништа е приведен под сомнение дека предизвикал пожар. Според полицијата, тој на 16 септември предизвикал пожар во атарот на селото при што биле опожарени сува трева и стрниште.
На 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Враништа, од слобода го лишија Љ.М.(60) од истото село, кој се сомничи дека на 16.09.2026 во 12:30 часот, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа.
Во пожарот, нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

