Сè започна со едно празно столче во саботата вечерта на 12 септември, кога лидерите на земјите членки на групацијата БРИКС присуствуваа на свечена вечера во индиксиот главен град Њу Делхи. Столчето што остана празно беше она наменето за кинескиот претседател Си Џинпинг.
Не беше дадено никакво официјално објаснување за отсуството на Си, но тој уште следното утро седеше на масата за состаноци со другите лидери, по што замина дома како и што беше планирано.
За кој било друг светски лидер, ваквото отсуство би било безначајна ситница, но во случајот со Си празното столче веднаш предизвика мистерија. Неговото отстуство од вечера во Њу Делхи, покрена приказни дека имал мозочен удар, дека бил тајно хоспитализирана, како и дека веќе почнала борба за власт во Пекинг. За тие тврдења нема докази, но сепак во Кина предизвикаа вознемиреност до чувствителна точка. А тоа кажува повеќе за Кина, отколку за здравјето на Си.
Дополнително, за време на својот воведен говор на Самитот, индискиот премиер Нарендра Моди застана среде реченица, погледна кон Си и двапати праша: „Дали е сè во ред?“, што на социјалните мрежи беше протолкувано како загриженост за човек на кого му се слошило.
Руската државна телевизија подоцна ја емитуваше целосната снимка, која покажува дека слушалката на преведувачот на Си била расипана. Персоналот ја замени опремата, а Моди почека додека звукот повторно не профункционира. Објаснувањето не можеше да биде поедноставно.
Но, по ова на платформата Икс се појави пораката што предизвика вистинска експлозија од реакции. На 16 септември, Ванџун Сје, кинески дисидент и лидер на забранета опозициска партија, кој живее во САД, на Икс напиша дека Си колабирал и доживеал тежок мозочен удар. Наводно, во Индија тој одбил каков било третман и бил пренесен со воен хеликоптер во болница во Пекинг. Според Сје, Си бил во животна опасност. Сепак, тој не понуди ниту еден доказ за ваквото тврдење.
Што знаеме досега
Во текот на минатата недела, американскиот бизнис весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на „добро упатени извори“, објави дека Си ја откажал вечерата во Њу Делхи во последен момент, бидејќи не се чувствувал добро. Сепак, весникот нагласува дека нема апсолутно никакви докази дека имал мозочен удар или дека се онесвестил.

Едноставно кажано, станува збор за 73-годишен маж кој пропуштил свечена вечера по долг лет и ден исполнет со состаноци. Ништо невообичаено.
Индиското Министерство за надворешни работи извештаите за болни лидери на БРИКС ги нарече „лажни“ и „злонамерни“.
Сепак, навистина имаше еден болен лидер на Самитот. На јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кој исто така има 73 години, лекарите му наложија да одмара по самитот. Така уморот на еден лидер стана совршено гориво за ширење гласини за болеста на друг.
Но, откако Си замина од Њу Делхи на 13 септември, не беа објавени веродостојни видеоснимки од негови активности. Кинеските државни медиуми секојдневно објавуваат содржини како упатува честитки до некој универзитет или дава препораки поврзани со производствената индустрија. Таквите вести звучи смирувачки, но не докажуваат дека лидерот е добро.
Здравствената состојба на лидерот е државна тајна
Здравјето на кинеските врховни лидери отсекогаш беше едно од прашањата за кои е тешко да се добие одговор во Пекинг.
Во септември 2012 година, непосредно пред официјално да стане лидер на Комунистичката партија на Кина, Си Џинпинг исчезна од видокругот на јавноста цели 13 дена. Дури беше откажана и планираната средба со тогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон, но никој не знаеше зошто. Подоцна се испостави дека веројатно се работело за повреда на грбот, но тао не се знае со сигурност дури ниту денес,14 години подоцна.
Во Кина, здравјето на шефот на државата е државна тајна и не постои медицински билтен за неговата задравствена состојба, како што има за американскиот претседател.
Во Кина не постои портпарол кој открива детали за здравјето на шефот на државата, ниту пак медицински билтен за јавно прикажување, како што е случајот со американскиот претседател.

Си е лидер кој посетува фабрики, врши смотра на војници и никогаш не изгледа уморно. Пораката секогаш е дека тој управува со земјата и го одредува нејзиниот правец. Во таа слика има малку простор за негова физичка ранливост. Како резултат на тоа, неговото отсуство од јавноста уште повеќе доаѓа до израз и дополнително ја влошува ситуацијата со гласините.
Интернетот како лекар
Ако телото на лидерот е заштитено на овој начин, интернетот природно станува единствениот лекар. Во меѓувреме, постојат канали на Јутјуб и Икс, првенствено управувани од Кинези во странство, кои го репродуцираат секое појавување на Си во забавена снимка и го зголемуваат. Како оди? Како се држи? Така, во 2024 година дури помислиле дека му виделе лузна на задниот дел од главата. Но, никој од тие луѓе не ги видел неговите медицински досиеја.
Сепак, во изминатите неколку недели тие имаа доволно материјал за ширење гласии. Кон крајот на август, при пристигнувањето во Киргистан, Си цврсто ја стисна раката на својата сопруга на скалите на авионот и се закашла за време на церемонијата на прием. Во Њу Делхи тој се држеше за оградата и чекореше полека.
Прекуокеанските кинески медиуми детално ги опишуваа овие снимки, кои самата кинеска државна телевизија не ги објави.
Но, тие снимки не докажуваат ништо. Или како повеќето 73-годишнци се движи споро или има нешто што лидерот го крие? И двете тези влегуваат во игра, но Пекинг молчи.
Најдобар доказ за тоа дава научник кој ги испитува токму истите снимки и доаѓа до спротивен заклучок. Каи Венксуан од Академија „Синика“ на Тајван со години ги анализира снимките на кинескиот претседател користејќи 3Д технологија. Неговиот заклучок од почетокот на оваа година беше дека здравјето на Кси е навистина било лошо во 2022 година, но очигледно е подобрено оттогаш, можеби затоа што тој плива секој ден. Исти слики, различна дијагноза.
Кој ќе го наследи тронот?
Интересот за здравје на Си има политичка причина. Според Уставот, кога беше избран за претседател во 2013 година, Си имаше право да ја извршува функцијата само во два петгодишни мандати или вкупно 10 години. Но, во 2018 година, тој самиот го укина тоа уставно ограничување. Дополнително, тој ги трга настрана потенцијалните ривали, постојано се опкружува со доверливи луѓе и никогаш не назначи некој кој ќе го наследи.

За волја на вистината има одредби на хартија. Доколку претседателот е не е во можност да ги врши должностите, според Уставот, функцијата ја презема потпретседателот. Сепак, Си е многу повеќе од само претседател на државата. Тој е и шеф на Комунистичката партија и врховен командант на Армијата. Тоа се три функции, а потпретседателот наследува само една.
Не е случајно што Си никого јавно не подготвува за свој наследник. Тој самиот знае како функционира тоа. Во мандатоа т ннеговиот претходник Ху Џинтао, Си беше познат како престолонаследник пет години. Но, назначениот наследник неизбежно гради сопствена база на моќ, а токму тоа она што Си сака да го избегне – крај себе да име уште една моќа личност.
Кина, сепак, нема автоматски да влезе во хаос со заминување на Си. Партијата има широк административен апарат, но сепак неочекуван трансфер на толку голема лична моќ сигурно ќе го стави тој систем на тест.
Ова не ја засега само Кина, туку и целиот свет. Кине е нуклеарна сила, една од најголемите светски економии и незаменлив трговски партнер, па странските влади и компании што соработуваат со неа сакаат да знаат кој може да ги испочитува договорите и кој ќе го одреди курсот во иднина.
Зошто е важна 2027 година
За есента 2027 година се очекува 21-от конгрес на Комунистичката партија на Кина. Партијата одржува вакви Конгреси на секои пет години, на кои се избира највисокото раководство за наредниот петгодишен мандат.
Си, кој тогаш ќе има 74 години, сака да обезбеди четврт мандат како генерален секретар на партијата и сè укажува дека ќе го добие. Во исто време, вниманието сè повеќе ќе се насочува кон тоа кои личности се истакнуваат во негова близина.
Дали некој помлад функционер добива позиција што го прави потенцијален наследник? Дали некој доверлив соработник исчезнува од највисоките редови? На кои луѓе им се доверува поголема одговорност во партијата и во армијата? Ваквите промени кажуваат повеќе отколку снимка на која се гледа несигурен чекор.

Се очекувам гласините да се интензивираат како што ќе се приближува тој собир. Во прашање се кариери и позиции на моќ, додека процесот на одлучување за нив останува главно скриен од јавноста. Тоа создава искушение во секое отсуство да се гледа знак за слабеење, а во секое унапредување – можност за наследување на власта.
Според тоа, пораката од некој дисидент не претставува протекување на информации од партиското раководство. Оние што сакаат да го видат заминувањето на Си, премногу лесно можат да најдат индиции за тоа.
Пред четири години, интернетот вриеше од гласини за државен удар во Кина и домашен притвор за претседателот. Си едноставно се појави во еден музеј една недела подоцна и гласините испарија. Во 2024 година, повторно се појави гласина дека имал мозочен удар, заснована на фотографија од гримаса, за која се испостави дека е четири месеци постара отколку што се тврдеше. Секој таков бран завршуваше на ист начин. Си се појавуваше на екранот и сè завршуваше.
Некои следни скалила на авионот
Токму затоа, претстојната недела ќе биде од особена важност. В четврток, на 24 септември, американскиот претседател Доналд Трамп треба да го пречека својот кинески колега во Белата куќа. Тоа е прва државна посета на еден кинески лидер на САД од 2015 година.
Според американските медиуми, Трамп сака лично да го пречека својот гостин во воздухопловната база „Ендрјус“. Затоа, камерите ќе бидат таму уште пред пристигнувањето на Си. Ако тој се симне по скалите без никаков инцидент, гласината ќе биде побиена. Ако средбата биде одложена поради нејасна причина или се сведе само на видео-повик, тоа ќе биде вистинската вест.
Но, што и да се случи прашањето за наследникот во секој случај нема да исчезне. Си ги укина ограничувањата за времетраењето на својот мандат, а притоа не разјасни кој ќе дојде по него. Како резултат на тоа, една пропуштена вечера добива значење што далеку ги надминува прашањата за неговата здравствена состојба.
Сè додека Пекинг молчи за ова, секое празно столче останува тема за приказна.

